Резултат 1
Воспоставена формална меѓуопштинска соработка,
Итно: 112 / 193 / 034/211-881
ТППЕ Гевгелија е територијална противпожарна единица која делува во служба на граѓаните преку гаснење пожари, спасување луѓе и имот, технички интервенции во ризични ситуации и поддршка при природни непогоди. Единицата активно работи и на превенција, едукација и подигање на јавната свест за безбедно однесување.
Во рамките на проектот „Општините како двигатели за одржлив развој“ и вториот повик за проекти за меѓуопштинска соработка, објавен од канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Бирото за регионален развој, Општина Гевгелија заедно со општина Богданци аплицираа со проектот "Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници", за коишто добијаа потврда за одобрување на проектот.
Проектот има за цел воспоставување на меѓуопштинска соработка на Општина Гевгелија и Општина Богданци во областа на Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот.
Проектот овозможи воспоставување на меѓуопштинска соработка за поефикасно и поекономично вршење на надлежностите на општината утврдени во Законот за локална самоуправа, а кои се однесуваат на областа за Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот.
Проектот исто така овозможи подобрување на опременоста на општините со современа заштитна и опрема за интервенција за урбани и шумски пожари, со цел зголемување на безбедноста и ефикасноста на пожарникарите при брзи и ефикасни интервенции.
Краткорочни резултати (за времетраење на проектот):
Воспоставена формална меѓуопштинска соработка,
Набавена и распределена заштитна опрема за урбан пожар за пожарникари од општина Гевгелија (11 комплети - одело, чизми, ракавици, шлем),
Набавена и распределена заштитна опрема за шумски пожар и опрема за интервенција за пожарникари од општина Богданци (8 комплети - одело, чизми, ракавици, шлем, 10 напретначи, 20 гребла и лопати),
Изработена веб страна на ТППЕ Гевгелија,
Обучени млади средношколци мажи и жени во областа на превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот и заштита на животната средина,
Реализирана заедничка теренска симулација/вежба со учество на обучените млади и пожарникарите од двете општини,
Одржан завршен јавен настан за презентација на резултатите и промоција на опремата и активностите.
20 Мај - Ден на пожарникарите
По повод 20 Мај - Денот на пожарникарите, Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија доби нова опрема и ресурси преку проектот „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“, кој успешно беше реализиран во партнерство помеѓу Општина Гевгелија и Општина Богданци.
По тој повод, во Гевгелија се одржа завршен настан на кој присуствуваа претставници од Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој, УНДП, како и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и партнерските институции.
Проектот претставува успешен пример за меѓуопштинска соработка и директен придонес кон унапредување на безбедноста и подготвеноста на локалните заедници за справување со пожари, природни непогоди и други ризици.
11 нови комплети за заштита при урбани пожари.
Нова информативна веб-страница на ТППЕ Гевгелија.
Едукативни обуки за средношколци за превенција и заштита.
Со реализацијата на проектот се зајакнуваат капацитетите на пожарникарите и институциите за поефикасно делување во итни ситуации, а истовремено се вложува и во едукација на младите како важен сегмент во градењето безбедна и одговорна заедница.
На 24.02.2026 година и 25.02.2026 година беше реализирана обука за млади средношколци во СОУ Гевгелија и СОУ Богданци, од страна на стручни лица – пожарникари од ТППЕ Гевгелија во областа на Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот. Учениците имаа можност да се запознаат со основните принципи на безбедно однесување во ситуации на ризик, како и со правилните постапки при појава на пожар. Преку теоретски предавања и практични демонстрации, стручните лица од ТППЕ Гевгелија им ги претставија на учениците начините на евакуација, користење на основна противпожарна опрема и укажување прва помош.
Посебен акцент беше ставен на развивање на свеста за личната и колективната одговорност, како и на важноста од навремена реакција и соработка со надлежните служби. Учениците од СОУ Гевгелија и СОУ Богданци активно учествуваа во дискусиите, поставуваа прашања и покажаа висок степен на интерес за темите поврзани со превенцијата и заштитата.
Со реализацијата на оваа активност, Општините Гевгелија и Богданци уште еднаш ја потврдија својата заложба за унапредување на знаењата и вештините на младите во областа на управување со ризици и заштита од катастрофи, со цел создавање побезбедни и поотпорни локални заедници.
За итни случаи користете 112 / 193.
Доколку забележите проблем, ризик или потреба од поддршка што не претставува итен случај, испратете ни порака преку формуларот.